Овој град сака да именува улица по Доналд Трамп
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2017
Сергеј Бизукин(34) од градот Рјазања од Русија неодамна покрена петиција за преименување на Безбожна улица во улица Доналд Трамп.
Безбожната улица е од времето на комунизмот кога религијата била забранета.
Досега 300 луѓе ја потпишале петицијата, а Трамп е предлог затоа што сакал да ги подобри односите меѓу САД и Русија.
Бизукин вели дека сака да го направи градот „голем“, мислејќи на изјавата на Трамп дека сака Америка повторно да ја направи голема.
Градот се наоѓа на 200 км југоисточно од Москва, сместен на реката Ока и има 500.000 жители.
Главни гранки во градот се електроника и рафинирање на масло.