Добивај вести на Viber
Индустриското производство падна за 5,6 проценти во септември годинава споредено со септември 2011 година, објави Државниот завод за статистика. Во периодот од јануари до септември пак, падот на индустриското производство изнесува 6,9 %, споредено со истиот период минатата година .
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2012 година, во однос на септември 2011 година, бележи пораст од 3.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 3.1%.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2012 година, во однос на септември 2011 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.7%, додека пораст бележи кај Енергија за 1.0% и Капитални производи за 19.6%.