29 Март, 2024
0.0259

Пад на трговската размена меѓу Македонија и Косово

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Tрговската размена меѓу Македонија и Косово во првите шест месеци од годинава е намаленa за 18,6 отсто.
- Статистиката покажа дека во првата половина на 2012 година размената е намалена за 18,6 отсто. Има пад за по околу три милиони долари на извозот од Македонија кон Косово на земјоделско-прехранбените производи, тутунот, неметалите и црната и обоената металургија, додека поголем пад се бележи во делот на извозот на нафтата од рафинеријата ОКТА, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески .
Падот најмногу се должи на економската криза, но и на отворањето на автопатот од Косово кон Албанија со што пристаништето Драч стана поатрактивно за косовските компании кои претходно го користеа солунското пристаниште.
- Влијание сигурно има и нереализирањето на железничката и патната инфраструктура на која инсиситираме. Од косовска страна има најави дека до крајот на годинава ќе започне изградбата на автопатот од Приштина до македонската граница, а од премиерот Груевски добивме уверување дека идната година патниот правец до косовската граница од македонска страна ќе биде даден под концесија, додаде Азески.
Претседателот на Стопанската комора на Косово Сафет Ѓерѓалиу поосчи дека инфраструктурата, сигурно е една од главните причини за падот на продажбата на македонската стока на Косово, а свое влијание има и изградбата на автопатот кон Албанија.
- Затоа мораме да вршиме притисок до властите на двете земји да се ориентираат  кон изградба и модернизација на постојните патиште и да се вложува во градба на нови автопатишта како што е планирано, рече Ѓерѓалиу.
Наскоро, најави, ќе има нов договор за осигурување на инвестициите меѓу двете држави што ќе придонесе за ист третман на компаниите од двете земји при изведбата на јавните работи.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие