20 Април, 2024
0.0252

Пад на вредноста на акциите на „Сахара“, Рој тврди дека не должи повеќе од 700 илјади евра!

Објавено во: Економија 15 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Последните случувања со блокирањето на дел од сметките на индискиот милјардер Субрата Рој, лошо се одрази врз целокупното портфолио на неговите компании. Така на берзата венаш после ваквите вести, акциите на “Сахара Хаусинг” веќе паднаа за 12,2 отсто, односно на  47,75 рупии. Оваа е вообичаена и очекувана состојба на берзата,  кога компанијата се соочува со вакви проблеми кои и носат лоша репутација, пишуваат индиските медиуми. Замрзнати сметките на две компании на Субрата Рој Деновиве Одборот за хартии од вредност во Индија (Sebi) нареди замрзнување на сметките на две компании на индиецот Субрата Рој, откако Врховниот суд пресуди дека е направена нелегална продажба на обврзници на 30 милиони мали инвеститори во периодот од 2008 до 2011 година. Блокирани се сметките на компаниите “Sahara India Real Estate Corp”  и “Sahara Housing Investment Corp”, кои 70 отсто се во сопственост на Субарата Рој, а блокирани се и сметките на нивните директори и промотори. Како што пишуваат индиските медиуми, од Врховниот суд изјавиле дека Субрата Рој, односно Сахара нема право да собере средства од  милиони инвеститори без огласност на Регулаторното тело во Индија и пропишаните одредби, и наредил компанијата да го  врати долгот од 3 милијарди евра со 15 проценти камата за милионите измамени граѓани. И покрај судските одлуки сеуште не го платила поголемиот дел од долгот и покрај тоа што и бил даден дополнителен период за да најде пари. Поради тоа Одборот за хартии од вредност во Индија (Sebi) го наредил замрзнувањето на банкарските сметки на двете фирми на магнатот Субрата Рој и на уште тројца директори. Наспроти тврдењата на институциите, компанијата “Сахара”, која има милиони главно сиромашни, рурални штедачи, во соопштението велат дека "вкупните обврски најверојатно не надминуваат 705 илјади евра (51 милиони рупии), кои веќе се исплатени". Надлежните од  три-децении старата “Сахара”, објаснуваат дека најновите налози на Sebi се базирани на "стари факти и имотни детали oд јануари 2012, а од тогаш многу работи се променети". Централната банка соопшти дека Сахара наместо заштита на сиромашните клиенти, ги намалила исплатите на камати на само еден процент, не успеала да обезбеди целосна заштита на депозитите и не ја одржувала правилно базата на податоци за клиентите. Што ќе биде со бизнисите во Македонија? Замрзнувањето на сметките на индискиот магнат Рој предизвика лавина реакции и дилеми во јавноста, дали Индиецот со оглед на ваквите случувања ќе успее да ги реализира најавените милионски  инвестиции во Македонија. Од Владата нема конкретен одговор дали проектот “Сахаријан Македонија” ќе биде загрозен, биејќи сеуште се чека официјалното сооштение од седиштето на компанијата во Индија. Милјардерот  Рој, во земјава најави изградба на луксузен туристички комплекс во Охрид, кој иако сеуште не официјален, веќе започнаа да се менуваат дел од законите неопходни за реализација на инвестицијата. Бизнисменот најави и купување на агрокомбинатот “Џумајлија”, а на Скопје најави дека ќе му подари грандиозен споменик на хуманитарката Мајка Тереза. Сите овие инвестиции засега остануваат само како најави, а што точно ќе се случува понатаму и дали луксузниот проект поради финансиските проблеми на Субарата Рој, ќе биде загрозен, ќе се знае откако Владата ќе го добие официјалното образложение од компанијата “Сахара”. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите