Падна договор, 60 милиони евра за „Јужен тек“ во Хрватска
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2013
Денеска во Загреб беше потпишан договорот меѓу руската компанија „Газпром“ и хрватската компанија за дистрибуција на гас „Плинкро“ за реализација на„Јужен тек“ во Хрватска.
Гасоводот ќе биде со должина од сто километри и неговата изградба ќе чини 60 милиони евра. Планот предвидува и создавање на локална фирма „Јужен поток Хрватска“ со еднакво учество на „Газпром“ и на „Плинкро“, која ќе биде вклучена во изградбата на гасоводот во периодот од 2013 до 2016 година. Гасоводот се протега од Сотин до границата на Србија.
Предвидено е низ тој новиот гасовод да се дистрибуираат 2,7 милијарди кубни метри гас годишно.