28 Март, 2024
0.0249

Падна регионален договор, заедно против афлатоксинот во млекото

Објавено во: Балкан 06 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Падна договор за идните мерки и активности за решавање на проблемите со појавата на афлатоксин во добиточната храна, млекото и млечните производи во Југоисточна Европа. За време на вчерашниот состанок во Сараево на министрите задолжени за земјоделство и храна и лидерите на делегациите од земјите од Југоисточна Европа дискутираа за потребните мерки за контрола на нивото на афлатоксин во млекото и млечните производи. Овие мерки опфаќаат воспоставување комуникација помеѓу институциите на земјите од ЈИЕ кои се занимаваат со проценка на ризик, управување со ризик, контрола на квалитет и тестирање на добиточна храна и прехранбени производи, но и размена на информации во врска со механизмите за контрола на безбедноста на добиточната храна и прехранбени производи како и завземање заеднички став и акциски план. „Земјите од ЈИЕ се согласија да обезбедат основа за контрола на афлатоксини во сточната храна и млеко и да ги следат постоечките граници утврдени со прописите на Европската унија, да се воспостави регионална група од експерти која ја сочинуваат контакт лица со мандат да разговараат за прашања поврзани со микотоксини, со цел - подобрување на комуникацијата меѓу надлежните органи во регионот на ЈИЕ, како и со надлежните институции на ЕУ, усогласување на активностите поврзани со проценката и управување со ризик во земјите, вклучително и на воспоставување акциски план и програма за следење на нивото на афлатоксини во млекото и во добиточна храна, се наведува во соопштението. Договорено е воспоставување детален систем на комуникација и размена на информации помеѓу релевантните институции од ЈИЕ и да се нагласи важноста на превземањето превентивни мерки кај производителите и преработувачите на храна, вклучувајќи и воведување и примена на добри земјоделски практики, добри хигиенски и ветеринарни практики, вклучувајќи ги и ХАЦЦП принципите. За време на состанокот било договорени и зајакнување на капацитетите, односно воведување на постојана обука на ниво на владини претставници, инспектори, лабараториски персонал, производители и преработувачите на храна, вклучувајќи ги и земјоделците. Исто така разгледана е можноста да се користи една референтна лабораторија за анализа на микотоксини во добиточната храна и храната во регионот или пошироко и да се стандардизираат процедурите за земање на мостри од храната и добиточната храна во согласност со прописите на ЕУ. Наш претставник на Форимот беше македонскиот амбасадор во Сараево Рами Реџепи.

Можеби ќе ве интересира

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор