Падна договор за Кипар?
Објавено во: Свет 01 Април, 2013
Постигнате е договор меѓу Владата на Кипар и меѓународните кредитори, кој како што пренесува кипарскиот весник „Филелефтерос“, најверојатно ќе биде потпишан вo среда.
Со договорот е предвидено зголемување на даноците, намалување на платите, намалување на бројот на државните службеници, како и приватизација на државниот имот. Во Меморандумот како цел се поставува намалување на буџетскиот дефицит до 2,4 проценти од бруто домашниот производ (БДП) во 2013 година. За таа цел се предвидени дополнителни рестриктивни мерки во висина од 351 милиони евра или 2,1 отсто од БДП
Исто така се бара зголемување на акцизите и на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 17 на 19 проценти, но и зголемување на државните услуги за 17 отсто, пишува „Филелефтерос“.