19 Април, 2024
0.0259

Падна првата понуда за превземање компанија годинава! Ортаци од Струмица нудат 5 евра за акција што книговодствено вреди 60 евра!

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Двајца најголеми акционери во струмичката конфекција „Единство“ нудат 303 денари за акција на сите заинтересирани акционери. Рокот на понудата започна да тече во петокот на 17 февруари и понудата ќе трае до 16 март. Цената по важи понудата е еднаква на последната пазарна цена на таа акција, но десет пати пониска од книговодствената вредност

Струмичаните Иљо Кузманов и Димитар Поповски ја дадоа првата понуда за откуп на акции годинава. Таа се однесува на сите акционери во струмичката компанија за трикотажа и конфекција односно за производство на сакоа, јакни, панталони, сукни и останати конфекциски производи. Тие двајца се најголемите поединечни акционери во струмичката компанија во која поседуваат по 24,99 отсто од акциите со право на глас. Понудата важи за сите други акционери во струмичката компанија, а според официјалната евиденција на Централниот депозитар за хартии од вредност ги има 66 мина и сите се домашни физички лица. Помеѓу тие акционери најголеми се Ѓурга Стојкова и Бобан Наутлиев кои поседуваат по 12,64 отсто од акциите со право на глас во „Единство“. Другите 64 акционери контролираат 25 отсто од акциите во струмичко „Единство“. 
Според објавените услови од јавната понуда понудата ќе биде успешна доколку бидат продадени 25,03 отсто од сите акциите на кои се однесува понудата. Тоа е четвртина од сите акции и понудата ќе биде успешна ако двајцата акциионери Стојкова и Наутлиев се одлучат да ги продадат нивните акции во „Единство“ на понудувачите Поповски и Кузманов.

Понудувачите нудат 5 евра за акција што книговодствено вреди 60 евра!?

Во понудата пишува дека цената што би ја платиле понудувачите е 303 денари за акција. Тоа е цена што е идентична со последната цена што ја постигнала таа акција на пазарот во последната година. Тогаш во една трансакција биле продадени 40 акции за промет од двесте евра. Тоа значи дека изборот што се нуди на 66 акционери е акцијата што книговодствено вреди 60 евра да ја продадат за 5 евра. За целата количина акции што може да бидат понудени двајцата понудувачи депонирале 100.000 евра. 
Според последните достапни податоци „Единство“ во првите девет месеци лани остварил приходи од продажба во износ од 56 милиони денари што е за 8 отсто помалку од истиот период во 2015 година. Компанијата на крајот од овој квартал имала добивка од 252.000 денари. Од достапните податоци за периодот 2013,2014 и 2015 година се гледа дека компанијата не делела дивиденда. Приходот од редовни активности паѓа од 2013 година до 2015 година и тоа од 98,3 милиони денари па на 82,8 милиони денари и во 2015 година изнесувал 75,8 милиони денари.  Компанијата во 2013 година и во 2014 година успеала да биде во добивка иако минимална, но во 2015 година завршила со загуба од 200.000 евра.

Сефте пракса! Поповски ќе има акција повеќе ако е непарен бројот на вкупно запишаните акции

За прв пат во нашата акционерска историја имаме понуда од две домашни физички лица за превземање компанија. При тоа во понудата е наведено дека двајцата акционери се договорени дека ќе ги делата на половина акциите што ќе ги купат, а ако бројот на понудени и купени акции е непарен тогаш Поповски ќе добие една акција повеќе.

Сите заинтересирани јавната понуда можат да ја прочитаат на сајтот на Македонската берза на следниот линк http://www.mse.mk/Repository/UserFiles/File/JAVNA%20PONUDA%20NA%20HV/Ponuda_za_prezemanje_Edinstvo_Strumica.pdf


Можеби ќе ве интересира

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен