29 Март, 2024
0.0258

Падот на нафтата носи закана од банкрот за земји како Русија и Саудиска Арабија

Објавено во: Анализа 13 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Што може да биде следната голема финансиска криза? Пукање на балонот при акциите во технолошкиот сектор, кој се надува во последните две години? Тотален крах на берзата надвор од распродажбата што веќе го обележа почетокот на 2016 година? Секоја една од овие работи би можела да се случи. Се повеќе се чини дека ќе бидеме сведоци на национални банкроти предизвикани од пад на цените на нафтата и суровините, пишува Метју Лин за „MarketWatch“.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) разгледува спасување на Азербејџан, кој е тешко погоден од силното поевтинување на нафтата. Венецуела е подготвена да прогласи банкрот - повторно - од истата причина. Еквадор изгледа ќе оди по истиот пат. И две значајни држави можат да ги следат - претежно Русија и Саудиска Арабија. Ниту една од нив не изгледа платежно способна за долго време кај овие многу ниски цени на суровините.

Наскоро можеме повторно да западнеме во голема криза на суверените долгови. Само што овој пат извозниците на суровини ќе бидат вовлечени во вртлогот, а не земјите од периферијата на еврозоната. Исто како кај кризата во еврозоната сепак загубите наскоро ќе се преориентираат кон банкарскиот систем и не за долго може да се наложи да има серија од итни одбрани.

Клучното прашање ќе биде дали тоа може да се користи за поставување на реформи, бидејќи нема многу смисла само да се спасуваат држави кои повеќе не можат да се потпрат на енергетскиот извоз.

Падот на нафтените цени и на други суровини покрај нив веќе доминира на пазарите од почетокот на оваа година. За поголемиот дел од светот, па дури и повеќето нови пазари во најевтина нафта би требало само да го зајакнат економскиот раст. За извозниците на нафта сепак тоа е катастрофа.

Првите „пукнатини“ почнуваат да се појавуваат во Азербејџан, еден од најголемите извозници на нафта меѓу поранешните советски републики. Земјата веќе започна разговори со ММФ за итна помош, бидејќи ги троши брзо резервите акумулирани во годините кога еден барел нафта се тргуваше за 100 долари . Досега се стопени над 60% од резервите и се дискутира за пакет заеми за над 4 милијарди долари.

Азербејџан сепак не е единствената држава која ќе биде погодена. Венецуела, која со години е економски неспасен случај покрај богатите природни ресурси, е во уште поголема неволја од обично. Претседателот Николас Мадуро објави економско вонредна состојба, иако веројатно тоа не се разликува толку од нормалниот живот за страдалниците граѓани. Еквадор не изгледа во многу подобра форма.

Следна е Нигерија. Таа веќе побара 3,5 милијарди долари заеми од Светската банка и Африканската банка за развој, кои ќе и помогнат при недостиг на ликвидност, предизвикан од силниот пад на вредноста на нафтениот извоз.

А двете навистина големи економии, движени од нафтата - Саудиска Арабија и Русија? Саудиските финансии никогаш не се гордееја со транспарентност. Земјата ги има едни од најниските трошоци за производство во светот, но има и огромни трошоци и практично нема други извори на приходи.

Дури според официјалните податоци Саудиска Арабија предвиде буџетски дефицит од скоро 100 милијарди долари за минатата година и со оглед дека цената на нафтата сеуште опаѓа и покрај заштедата, оваа година е малку веројатно да биде многу подобро. Тоа е еквивалентно на 15% од бруто домашниот производ (БДП), што ја прави Грција да изгледа директно скромна во трошоците. Саудијците имаат изобилство од средства, на кои да се потпираат, но кога трошаат со 15% повеќе отколку заработка на година, брзо согоруваат многу од најликвидните пари.

Буџетскиот дефицит на Русија не е толку висок. Прогнозите на Министерството за финансии го проценуваат на 20 милијарди долари за оваа година, или околу 3% од БДП. Тоа, сепак, се базира на цената на нафтата 40 долари за барел, што сега изгледа нешто далеку назад во времето.

Економијата падна во рецесија - најновите податоци покажуваат дека се намалила со годишна стапка од 3,7% - рубљата е во состојба на слободен пад, а земјата ги троши рачките резерви. Поради воената интервенција Владимир Путин целосно пропадна во диверзификацијата или модернизацијата на економијата и ја остави државата на самоволие на енергетските пазари (колку и чудно да е, веќе не слушаме многу за тоа како Путин може да врши притисок врз Западна Европа со контролирање на нафтените и гасните испораки). Ништо добро нема да излезе од тоа.

Кои земји ќе банкротираат и колку долго ќе им треба да стигнат дотаму ќе видиме. Едно нешто сепак научивме од крахот во 2008 година и кризата со еврото во 2011 година - кризата на суверените долгови брзо преминува во банкарска криза. Откако Грција, Португалија и Ирска западнаа во банкрот, загубите се пренесоа во банкарскиот систем.

Ова ќе се случи повторно, ако извозничките на нафта банкротираат. Има кредити кон националните нафтени компании и поддржани од државата градежни проекти и многу наскоро сите овие проекти можат да бидат штетни. Вистината е дека има причина зошто банките примаат удари во последните неколку дена со пад од цели 30% на клучниот банкарски индекс од почетокот на годината, и тоа е постепено осознавање дека во крајност банкарскиот сектор би можел да се соочи со огромни загуби од поевтинувањето на нафтата.

Само оваа недела треба „Deutsche Bank“ да има изјава за да ги смири инвеститорите дека е „тврда како карпа“, но колку и чудно да е, тие обично воопшто не наоѓаат мир со такви пораки.

Ресурсите во светот, особено на ММФ и Светската банка, веќе беа исцедени од последната криза на суверените долгови. Ирска може и да „оздравела“, но Грција и Португалија се уште се во “интензивното“. Не изгледа дека Грција може наскоро да се исправи на нозе.

Нов круг на спасувања ќе ја зголеми многу сметката. Дури и да е така, парите ќе треба да се најдат. Клучот ќе биде да се бараат реформи во замена. Во 2016 година ниту една земја не треба да е зависна само од извозот на нафта - оние кои се во таа положба и во таков резултат банкротираат, ќе треба да најдат нови извори на раст. Ако не можат, за разлика од периферијата на еврозоната, најверојатно ќе биде подобро да ги оставиме да банкротираат.

(Обработка: И.С)

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот