Добивај вести на Viber
Најголемиот светски производител на гас, Газпром објави дека нето добивката во првата половина од годината паднала 34 отсто, на 16,2 милјарди долари, поради намалената продажба на клучните пазари и зголемувањето на трошоците. Вкупниот приход се намалил за пет проценти до 2,23 билиони рубли или 71,1 милјарди долари, се вели во соопштението од компанијата.
Резултатите се намалени поради пад на нето-приходот од продажба на гас за 15 проценти или на 1,24 билиони рубли (39,7 милијарди долари) иако падот на европските пазари од 10 %, делумно беше амортизиран со поволниот девизен курс.
Продажба на гас на територијата на поранешниот Советски Сојуз падна за дури 23 отсто, соопшти компанијата. Оперативните трошоци исто така се зголемени за 8%, главно поради зголемувањето на даноците и трошоците за транспорт.
Гаспром е основана во 1989 година и стана најголем производител на гас во светот и столб на современата руски држава.