20 Април, 2024
0.0372

Пакетчињата од хуманата акција ги израдуваа дечињата од Сопот на Божик

Објавено во: Стил 07 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Успешно заокруживме голема хумана акција заедно со вас нашите читатели.

Денеска ги посетивме дечињата од село Сопот и ги израдувавме со подароците кои вие заедно со нас ги дониравте во  хуманата кампања „12 елки – 12 медиумски приказни“ и барем за миг направивме две момчња да избегаат од суровата реалност и сиромаштија во која живеат.

Дечињата не пречекаа со широко срце и искри во очите радувајќи се на секој подарок од вас.

Неописливо е чувството кога на детското искрено лице ќе измамите искрена насмевка.

Двете момчиња за возврат ни ветија дека ќе бидат умни а ние им го посакуваме сето добро на овој свет.


Фактор им се заблагодарува на сите хумани граѓани и нашите читатели кои уште еднаш ја споделија хуманоста на дело.

Ваквите дела се нешто најубаво, посебно кога се заокружат на големи празници како денешниот.

Во Новогодишната хумана акција „12 елки – 12 медиумски приказни“ која започна на 18 декември во Сити мол а успешно е заокружена во петок се вклучија 12 познати македонски медиуми со цел да помогнат на 12 социјално загрозени семејства со повеќе деца.

Во акцијата беа донирани од граѓаните повеќе од 330 подароци. Секој медиум имаше своја елка под која граѓаните можеа да донираат подароци за овие семејства.

Покрај новогодишни подароци беше донирана и неопходна облека, лекови, хранливи продукти за децата, а некои одеа и дотаму што донираа и покуќнина за домовите.

Во хуманата кампања беа вклучени од национални телевизии, преку веб портали до радио станици, како Телевизиите: Тв Телма и Тв21, порталите: Сакам да кажам, МКД, Женски магазин, Фактор, Риборн, Мак Мода, Оффнет, А1он, Емагазин и Сити радио. Секој медиум одбра социјално загрозено семејство со повеќе дечиња се со цел им ги дообојат овие празнични денови.

Уште еднаш благодарност до сите оние кои покажаа огромна хуманост и човечност и без чија поддршка  оваа акција немаше да има ваква успешна завршница.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган