19 Април, 2024
0.0319

ПАЛЕСТИНА ИЛИ ИЗРАЕЛ: Kaде ќе остане Ѕидот на плачот?

Објавено во: Свет 16 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

САД предвидуваат Ѕидот на плачот во Источен Ерусалим да остане во Израел во согласност со евентуалниот мировен договор со Палестинците, изјави неименуван претставник на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Специјалниот пратеник на Трамп за блискоисточниот мировен процес Џејсон Гринблат следната недела ќе го посети Израел.

Тоа ќе биде негова прва посета на регионот по одлуката на Трамп за Ерусалим. За следната недела предвидено е и потпретседателот на САД, Мајк Пенс да го посети Израел.

Високиот функционер на палестинската влада Набил Абу Ридејна, го отфрли американскиот повик Ѕидот на плачот во Стариот град во Ерусалим да остане под израелска контрола.

„Овој американски став повторно покажува дека актуелната американска администрација е сосема надвор од мировниот процес“- изјави Рудејна, додавајќи дека тоа би ја „консолидирало окупацијата“.

Ѕидот на плачот, останки од западниот ѕид на Вториот храм, е свето место за многу Евреи и е дел од пошироката зона којашто е во центарот на религиозните тензии, а која Евреите ја нарекуваат Ридот на храмот а муслиманите Плато на џамиите.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато