29 Март, 2024
0.0246

Палитов: Стечајот на ФЕНИ не е добар, работниците страдаа за нечии интереси

Објавено во: Економија 05 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

850  вработени во кавадаречката компанија Фени тонат во очај. Велат нив најмногу ги погодува кризата и стечајот. Банките кои ја блокираа сметката на компанијата си го бараат долгот. Сега ги блокираат и сметките на работниците кои веќе втор месец се без плата. Претседателот на синдикатот Ѓоре Палитов за Фактор вели дека состојбата е алармантна и проблемот од финансиски ќе стане социјален.

“850 луѓе кои работат во фабриката, 400 камионџии и уште индиректни добавувачи на репроматеријали -значи околу 3000 фамилии зависат од овие вработувања. Ова ќе значи колапс за градот Кавадарци, а дополнително и државата ќе има проблем.Банките ја блокираа сметката на Фени, сега ги блокираат и нашите сметки. Имаме навистина голем проблем. Работевме кога никелот  беше 8 500 долари  за тон,  а сега е 13 000 за тон, а не работиме. Голем парадокс”- потенцира Палитов.

Работниците велат дека  додека власта не им ги исполни барањата работниците  нема да  се откажат и револтот ќе го изразат со блокирање на патиштата.

“Нема назад, сите сме единствени. Некои два –тројца се обидуваат да манипулираат дека ситуацијата е под контрола и дека добар е стечајот, но не е така. Стечајот не е добредојден, сите знаеме што значи. На оваа цена фабриката има услови да работи, нема зошто да се доведе во таква ситуација. Имавме и инвеститор кој донесе пари, а пак ништо. Има лични интереси на поединци и тоа не е добро. Јас сум за сите да имаат исти права. Ние само бараме да си ја заработиме платата”- додава претседателот  на синдикатот.  

Работниците од металуршкиот гигант бараат итна исплата на двете заостанати плати  и финансиска сигурност за сите вработени.

“Бараме да  ни ги исплатат заостанатите плати за октомври и ноември и сите вработени да останат на работа. Нелогично е во овие услови, инвеститори кои се спремни да платат  и висока пазарна цена на репроматеријалите да останеме без леб. Во стечај може се да ни се случи, да не одјават. Луѓето се револтирани и разочарани. Сите едногласно рекоа дека ќе има блокади и мора да се исполнат барањата. Доста бевме манипулирани за некој без пари да ја земе компанијата”- нагласува Палитов.

Дополнителен проблем според него е што поголемиот дел од  вработените  се повозрасни кои целиот работен век го минале  зад машина. Фабриката “Фенииндустри" со години е најголем европски производители на фероникел и  e двигател на кавадаречката индустрија. Сега по неколку месечна неизвесност, работниците стравуваат дека ќе останат без егзистенција.

“Има луѓе повозрасни,  на некои им остануваат два до три месеци до пензионирање. Сите сме во небрано. Секој ден работниците се на работа, а плата нема. Кој ќе не вработи на ова возраст?- прашува Палитов.

Велешкиот суд  во случајот Фени го прифати барањето на банките кредитори и отвори стечајна постапка над движниот и недвижен имот на комбинатот, а доверителите треба да ги достават своите побарувања. Судот го назначи Мирослав Анастасиевски за стечаен управник. Следното рочиште и собрание на доверители ќе се одржи на 11 јануари.

 Оние кои најмногу ги погодува кризата со Фени се работниците и нивните семејства кои остануваат на милост и немилост.  Фени има долгови од 60 милиони евра, од кои 40 кон банките. Тие, пак не го признаваат договорот за купопродажба, со кој Кунико го продаде Фени на Енекод. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи