25 Април, 2024
0.0279

Паметен потег

Објавено во: Анализа 19 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Како што веќе прочитавме пред некое време Џорџ Лукас, познатиот холивудски режисер ја продаде неговата компанија Лукас Филмс на Дизни во вкупен договор вреден повеќе од 4 милијарди долари. Договорот вклучува цени и акции во Дизни. Со оваа трансакција Лукас стана втор најголем поединечен акционер на Дизни по веќе покојниот Стив Џобс, кој својот удел го заработи продавајќи го студиото Пиксар, кое пак го купи кога по прв пат го напушти Епл. Инаку серијалот на Лукас, легендарните Ѕвездени војни низ години донесоа приход од 4 милијарди долари, токму толку колку што Лукас ја продаде компанијата. Кога сме веќе кај приходот остварен на филмските серијали да кажеме и дека ова е трет најдоходовен филмски серијал.  Хари Потер има заработено околу 7,5 милијарди долари, додека 25те  филмови на Џемс Бонд 5,5 милијарди долари. Со овој потег Џорџ Лукас потврди дека е исклучително добар бизнисмен,  а не само режисер. Неговата одлука е исклучително мудра од повеќе причини: Се очекува дека даноците за продажба на ваква актива ќе рипнат за 10% веќе во јануари 2013 година, а мора да признаете на четири милијарди долари, десет проценти не се баш сума која треба да се занемари. Секако до ова може да не дојде доколку олеснувањата бидат продолжени, но сепак 400 милиони долари ризик не е  шега. А добриот бизнисмен треба да знае кога смее, а кога не смее да ризикува. Втората работа е од семејна природа, но не е за занемарување. Лукас има три деца (сите посвоени, ни едно биолошко) кои не покажуваат заинтересираност да ја наследат неговата империја. Поточно заинтересирани се да ја наследат, но не и да ја развиваат и управуваат. Токму поради ова одлуката е на место, бидејќи постои реална можност наследниците да се искраат кој колку да земе од големиот колач. Знаејќи ја историјата на богатите фамилии ваквата можност не е баш мала. И третата паметна причина за продажба е обезбедувањето иднина на компанијата. Во договорот Дизни се обрзува да снима и натака филмови од серијалот на Ѕвездените војни. Кога Лукас филм ќе биде раковеден од гигант како Дизни, делото на Лукас може да биде продолжено многу долго време. И за крај се смета дека Џорџ Лукас ќе направи трустови наменети за неговите деца каде директно ќе се слеваат делови од приходите на идните филмови. На тој начин Лукас без дилеми ќе може да ги обезбеди неговите внуци, правнуци, праправнуци... Редакција Фактор