Добивај вести на Viber
Панама би сакала да го воведе еврото како законски платежната средство, изјави денеска Панамскиот претседател Рикардо Мартинели Берокал, пренесуваат интернет медиумите. Ова било изјавено на состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел. Во Панама, чија национална валута се нарекува Балбоа, во слободен промет е американскиот долар.
Мартинели не дава детали околу желбата на јужноамериканската држава да го воведе еврото, но изразил целосна доверба во економијата на Германија и еврозоната.
Должничката криза во монетарната унија наскоро ќе заврши, истакнува Берокал. Економијата на Панама, каде што доларот во пракса е основна валута е меѓу најбрзо растечките во Латинска Америка.
Во 2011 година, бруто домашниот производ (БДП) на земјата се зголемил за 10.6% благодарение на активностите поврзани со проширувањето на Панамскиот канал, пишува агенцијата БТА.
Сега еврото е фактичка валута во неколку земји кои не се членки на еврозоната и Европската унија, како Црна Гора и Косово, чиј меѓународен статус сеуште не е разјаснет.
Покрај нив ееврото се користи и во земјите како Монако и Андора, но и во неколку поранешни европски колонии како Нова Каледонија.