20 Април, 2024
0.0287

Панчевски го возвраќа ударот: Му стегна контра пријава на судијата Џолев

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Владимир Панчевски, претседателот на Кривичниот суд во Скопје кој пред неколку дена се соочи со кривична пријава од колега судија за влијание врз судиско одлучување денеска го возврати ударот.

Тој денес во скопското обвинителство бил да даде исказ каде што ги отфрлил наводите дека му вршел влијание на судијата Иван Џолев .

Панчевски истовремено го возвратил ударот и поднел против Џолев кривична пријава за лажна пријава.

„По даденото произнесување во врска со наводите во кривичната пријава ја известувам јавноста дека од моја страна на записник пред надлежниот јавен обвинител откако ги слушнав наводите на пријавата и се произнесов по истите отфрлајќи ги како неосновани истовремено поднесов кривична пријава против судијата Иван Џолев за кривично дело „Лажно пријавување на кривично дело“ во смисла на чл.366 ст.1 од КЗ за тоа што лажно ме пријавил како сторител на кривично дело од чл.359 од КЗ за кое гонењето се презема по службена должност иако знаел дека не сум сторител на кривично дело“, се вели во изјавата на Панчевски.

Имено, како што пишувавме Судијата Илија Џолев поднел кривична пријава против судија од истиот суд, за кривично дело поврзано со влијание врз судија, за да преземе одделни незаконски дејства. Подоцна медиумите обелоденија дека судијата кој се гони за влијание е токму Владимир Панчевски.

Панчевски изјави дека е изненаден од кривичната пријава и оти немало причина него да го тужи некој судија. Тој работел професионално и не им вршел притисоци на судиите. Но, сепак сега на потег е Јавниот обвинител Марко Зврлевски каде е поднесена пријавата од Џолев со која за прв пат судија гони друг судија. Казната за ова кривично дело е од една до пет години затвор.

Кој е Владимир Панчевски?

Владимир Панчевски е милионерот меѓу судиите или судија меѓу милионерите. Многумина за него коментираат и се прашуваат зошто со толкаво богатство во имот и пари, тој влезе во жариштето на вулканот кој до лани тлееше, а со објавата на бомбите на СДСМ изби како вжештена лава.

„Себе си се сметам за доволно храбар јавно да приговорам за одредени состојби доколку такви постојат, при што категорично би кажал дека притисок и корупција во Основниот суд Скопје1 нема. Лично од 2008 година откако сум судија не сум почувствувал некаков притисок“, изјави тој во интервју пред две години.

Се уште стои на истиот овој став кога го прозива опозицијата, медиумите, правните експерти и го обвинуваат дека работи под диктат на власта. Тој и натаму тврди дека нема никакви притисоци врз работата на судиите во неговиот суд.

Но, неговото име особено исплива во јавноста кога првите случаи на Специјалното јавно обвинителство влегоа во судска процедура.  Секојдневно има преписки со Катица Јанева која го посочува како кочничар на предметите кои ги отвори СЈО, а тој пак за обвинителите вели дека се нестручни и поради тоа немале успех ни резултатите во случаите кои досега ги отворија.

Ќе се избори ли за втор мандат „сиромавиот милионер“, во декември ќе се бира нов претседател..читајте повеќе тука!

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд