ПАНИКА ВО КЕЛН: Зошто патниците се симнаа од авионот?
Објавено во: Свет 13 Мај, 2017
Евакуирани се патниците од авионот, кој требало да полета од меѓународниот аеродром во Келн заради сомнителен повик, пренесе ДПА.
Во авионот имало 167 патници, а двајца од нив пренеле до екипажот дека слушнале сомнителен разговор во кабината пред полетувањето и стравуваат за безбедноста на летот. Тие слегле од авионот и одбиле да се вратат назад, со образложение дека во авионот има сомнителен човек.
Потоа имало и претрес на багажот.
По неколку часа авионот полета бидејќи не било откриено ништо сомнително.