25 Април, 2024
0.0258

Папачелас: Грците се уморни и понижени, постои опасност од националистички лидер

Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Алексис Папечалас, главниот уредник на грчки Катимерени, во новата колумна предупредува дека со навлегувањето во посериозно решавање на спорот за името постои опасност на политичката сцена во Грција да излезе нов популист кој со максималистичка реторика би добил голема поддршка од радикалното и националистичкото гласачко тело, па дури и би ги поразил големите партии кои би прифатиле одреден вид на компромис со нивниот сосед.

Папечелас генезата на проблемот го гледа уште во почетокот на 90-тите години и поставување на опасната позиција со максимата дека Македонија е Грчка и дека нашата земја не смее да го користи терминот „Македонија“ што ниту тогаш ниту сега не е реално и е извор на целиот популизам во грчката политика.

„Во случајот за спорот за името со Поранешната Југословенска Република Македонија грчките лидери беа погрешно водени од сентименти во 90-тите години. Не дека не можеа да кажат дека грешат. Всушност, повеќето од политичките лидери во земјата меѓу кои поранешниот лидер на Комунистичката партија Алека Папарига зазедоа прагматичен став, но никој не сакаше на плеќа да го носи товарот дека ги предал интересите на земјата“, пишува Папечелас.

Според него, токму популизмот довел до позиција од која нема излез без да се плати голема политичка сцена, без оглед која и да е партија на власт, па затоа и го предупредува актуелниот премиер Алексис Ципрас да не биде преголем оптимист за изнаоѓање на конечно решение на спорот за името.

Папечелас вели дека Грците се уморни и понижени од досегашните политики, особено со условите кои им се наметнаа за штедење и исплата на меѓународните долгови, што сега многумина го толкуваат како теорија на заговор за да се изврши голем притисок врз Грција конечно да направи компромис во односите со соседите но секако е многу популарно мислење кое се зема како вистинито кај народот.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци