Папата Франциско: Слушајте ги научниците, климатските промени ќе не уништат
Објавено во: Свет 11 Септември, 2017
Папата Франциско е еден од ретките светски верски лидери кој се потпира на научните истражувања за климатските промени и постојано апелира како сега по ужасот кој го предизвика ураганот Ирма да се преземат конкретни чекори за спас на планетата.
– Ако не се потпреме на тоа, ќе заминеме надолу, нагласи Франциско во изјава дадена во авион по неговата посета на Колумбија. Тој силно го поддржа Парискиот договор за климатски промени од кој САД по идеја на претседателот Доналд Трамп се повлекоа оваа година.
– Ги гледате ефектите од климатските промени и научниците јасно рекоа по кој пат треба да одиме. Сите имаме одговорност и мора да ја земеме сериозно предвид. Не може да се шегуваме со тоа. Ако некој се сомнева, нека ги праша научниците. И потоа секој ќе донесе одлука, а историјата за тоа ќе суди, нагласи папата Франциско.