Папата намрштено го пречека Доналд Трамп
Објавено во: Свет 24 Мај, 2017
Папата Франциск не беше премногу воодушевен од посетата на американскиот претседател Доналд Трамп кој во Ватикан пристигна со сопругата Меланија, ќерката Иванка и зетот Џеред Кушнер.
Американското „прво“ семејство исто така беше принудено да носи црна облека што е мал знак на неодобрување кога се во прашање гости од високата политика.
Во Ватикан постои правило наречено „бела привилегија“, односно дозвола принцези, кралици и достоинственици да носат бела облека при средбата со римокатоличкиот поглавар.
Трамп и покрај ладниот прием не беше разочаран, па се пофали дека оваа средба ќе ја памети целиот живот. Претходно Папата Франциск беше многу критичен кон политиките на Трамп насочени против мигрантите и забраната за влез на муслимани од повеќе земји од Блискиот Исток.