Добивај вести на Viber
На плажата Копакабана, по повод Светскиот ден на младите, папата Франциско синоќа одржа миса, на која што присуствуваа околу два милиони лица.
- Младите луѓе од улиците се оние кои што сакаат да бидат учесници во промените. Да не дозволиме другите да бидат актери на промените - порача тој.
Претставникот на Ватикан, Федерико Ломбарди, изјави дека на мисата присуствувале два милиони млади луѓе и дека тоа е трета ноќ по ред папата Франциско да успее да привлече толку голем број на луѓе на Копакабана.
По завршување на последната миса, папата денеска ќе се врати во Рим.