19 Април, 2024
0.0261

Паричниот фонд КД Кеш Депозит – модерна форма за управување со парите

Објавено во: Финансии 15 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Доволно е да имате само една трансакциска сметка во банка за да ги користите предностите на паричен фонд. Овој тип фондови служи за управување со слободни средства и максимизирање на нивниот принос. Времетрањето на вложувањето може да биде од неколку дена, до неколку месеци, па дури и над година дена, сè во зависност од Вашите потреби за располагање со парите. Паричните фондови се модерна форма за управување со парите. Преку нив голем број индивидуални клиенти си ги обединуваат средствата за да го формираат имотот на фондот. Тие здружени средства понатаму се вложуваат во финансиски инструменти на пазарот на пари како што се депозитите, благајнички записи и сл., со цел да се постигне зголемување на нивната вредност. Преку КД Кеш Депозит се остварува постојан и стабилен дневен раст на вложените средства, со што се избегнува т.н. „пропуштена добивка“. Фондот е наменет за сите физички и правни лица кои сакаат да имаат целосна контрола над своите парични средства. Едноставното користење овозможува  достапност до вложените средства во секое време, како и принос кој се припишува на дневно ниво и е значајно повисок од приносот на средствата чувани на трансакциска сметка. Поради овие карактеристики КД Кеш Депозит е најсоодветно место за парите кои ги имате на сметка денес, а се наменети за одредени потреби во период пократок од една година. Дополнителни предности Ликвидност на средствата: Повеќе нема временски рокови кои го ограничуваат подигнувањето и користењето на средствата. Средствата побарани за исплата денес, може да се користат веќе следниот работен ден, без притоа да се загуби никаков процент од добивката до моментот. Флексибилност: Нема ограничувања на износот и времетраењето на влогот. Без влезни и излезни трошоци: КД Кеш Депозит е фонд кој не наплатува трошоци при уплатата и исплатата на средствата, а самото вложување е едноставно преку уплата на средства на трансакциската сметка на фондот. Постојан раст: Управувајќи динамично со структурата на вложувањата, овој фонд остварува принос од речиси 4% на годишно ниво. Истиот се пресметува и припишува секојдневно на средствата на инвеститорите. Моментално сите средства на фондот КД Кеш Депозит се пласирани во депозити во домашни банки. Тоа го прави еквивалент на класичен депозит, рапределен во повеќе банки. Поради сето кажано, ако се земе во предвид дека средствата се достапни во било кој момент, а притоа нема губење на остварената добивка, заклучокот е дека КД Кеш Депозит е поконкурентен од банкарските депозити орочени до 6 месеци, а во одредени случаи и на подолг рок. Паричните фондови се омилена алатка на финансиските менаџери во развиените држави. Преку нив на едноставен начин се пронаоѓа виситинското место за парите кои се на располагање денес, а се наменети за идна потреба која ќе настане за неколку дена, недели или месеци. За тој временски период средствата генерираат дополнителни приходи само со една трансакција без да ги `врзувате` на одредено време или да `бркате` каматни стапки по различни банки. Сигурноста на парите  Зад секој фонд стои друштво за управување кое е лиценцирано од страна на Комисијата за хартии од вредност, а неговата дејност е строго регулирана со посебна законска и подзаконска регулатива. Паричниот фонд КД Кеш Депозит е управуван од Друштвото за управување КД Фондови АД Скопје кое има дозвола за работа од Комисијата и е дел од реномираната словенечка финансиска групација KD Group. Одлуките за вложување се носат од страна на тим на професионални портфолио менаџери и инвестициски советници од Македонија и Словенија.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин