28 Март, 2024
0.0349

ПАРК ХОТЕЛ И СПА, ПРИЈАТЕЛ НА ПРВАТА НЕДЕЛА НА ТУРСКИ ФИЛМОВИ

Македонските љубители на филмот, во следните неколку денови ќе имаат можност да ја запознаат турската филмска уметност.

Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Денес во просториите на Парк Хотел и Спа се одржа пресс конференција на која се најави првата Недела на Турски Филмови. Овој настан е под покровителство на Главниот Советник на Претседателот на Р. Турција Г-дин Јалчин Топчу, Министерството за Култура и Туризам на Р. Турција, Институтот Јунус Емре, Турската Меѓународна Агенција за Соработка и Развој (ТИКА)

Горди сме што сме дел од ваков тип на настан, со кој ќе се промовираат турската кинематографија и уметност. Во наредните четири дена имаме можност да видиме интересна содржина во која ќе се запознаеме со една нова визија на режисерите од нашата пријателска земја Турција. Среќни сме и почестени што целиот тим од фестивалот ќе бидат гости на нашиот хотел во следните неколку дена. Како компанија секогаш се стремиме да ги промовираме културните настани кои се од големo значење за нашата земја“, велат од менаџментот на Парк Хотел и Спа.

Неделата на Турски Филмови започнува на 10ти Мај (среда), со гала вечер во Македонскиот Народен Театар. Гала вечерта ќе започне со филмот „Долга Приказна“, кој е во режија на познатиот турски режисер Осман Синав и со главна улога на еден од најпознатите филмски ликови во Турција,  Кенан Имирзалиоглу.

На репертоарот на неделата на Турски филмови ќе бидат прикажани и Танц со Којотите 4, Чанаккале,  Крајот на Патот, Збогум Катја, Раната на Мојата Мајка како и многу други. Со исклучок на гала вечерта, сите останати проекции ќе бидат прикажани во Кино Милениум почеток од 17 и 20 часот. Дел од режисерите кои ќе прикажат свои филмови се Осман Синав, Онер Килич, Мурат Шекер

и Ахмет Сонмез, а дел од актерскиот тим се Емре Кизилирмак, Дерја Шенсој, Ајчин Инџи, Тургај Килич и Бурак Демир.

За дополнителни информации за идните настани и понудата на Парк Хотел и Спа, погледнете на http://parkhotel.mk/

Следете нè на социјалните медиуми на: 

https://www.facebook.com/ParkHotelSkopje

https://www.instagram.com/parkhotelskopje/

https://twitter.com/parkhotelskopje/

https://www.tripadvisor.com/Hotel_Review-g295110-d10233930-Reviews-Park_Hotel_Spa-Skopje_Skopje_Region.html

https://www.youtube.com/channel/UCBlrghLLpTUZEkdwAVgRHXA

https://www.linkedin.com/company/park-hotel-&-spa            

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“