19 Септември, 2017
0.0585

Парламентот - театар на апсурдот

Објавено во: Македонија, Колумни 29 Март, 2017

Ќелавата пеачка, Разговори во Париз, Кралот умира, Магбет, врвни уметнички творби на единствениот Ежен Јонеско, големиот литерат, човекот кој беше и остана на врвот на пиедесталот на театарот на апсурдот. Големиот Јонеско, како што и самиот илјадници пати ќе речеше, беше во суштина несреќен и постојано се стремеше кон апсолутот. Многумина го нарекуваа демистификатор на 20 век, токму поради тој негов порив постојано да докажува и покажува во своите дела еден вид на хипокритизам, оставајќи посебно белег по неговите поимања за човековото битисување, потенцирајќи дека научните, политичките и интелектуални елити не треба да ги интересира што луѓето мислат, туку што ги натерало да го мислат тоа што го мислат. Дефинитивно еден, за мене,а и за многумина, великан сам по себе, човек кој и денес и те како кај нас е актуелен.

Парламентот, нашиот, македонскиот, овие денови ме асоцира на преставите пишани од Јонеско, синоним и метафора ми е на театарот на апсурдот. Поентата на овој театар била да се исмеат баналните ситуации, но и преку нив да се согледа осаменоста на некои луѓе и беззначајноста на нивното постоење. Низ призмата и говорот на творецот на театарот на апсурдот Јонеско, тоа изгледа вака, се говори постојано една иста работа, ист проблем се повторува и елаборира, а се работи нешто сосема друго, или во превод, една мрачна вистина го негира сето тоа што го мислиме, или мислиме дека го мислиме и сето тоа води кон критика на секоја нова идеологија.

АДВОКАТИ НА ЃАВОЛОТ

Гледано од наш агол, овие денови, театарот на апсурдот е лика и прилика на нашето собрание. Личности, кои едно мислат или пак мислат дека го мислат тоа, очигледно други им го пишуваат, прават сосема спротивно. Пластично кажано, мислат дека спасуваат сопствена нација, низ призмата на нивниот светоглед, а во суштина ја уништуваат. Истите тие се заробени во сопствената мисла дека чинат добро, а практично делуваат лошо. Едноставно негативно делуваат и во праксата (блокирајќи суштински процеси), а и како модели кои треба да бидат лика и прилика за новите генерации се погрешни, урнисувајќи го самите митот за нивното политичко совршенство.

Слика втора, чин втори, но од истата претстава, наречена собраниска седница. Темата која ја елаборираат главните ликови во драмолетката е иста, сите постојано ја повторуваат, има секако носител на доминантната роља, кој во улога на адвокат на ѓаволот е лошиот дечко, но останатите под ликови на суптилен начин, со гримаси на загриженост и со повишен тон, него го прекоруваат и дополнуваат. Каде е тука апсурдот се прашувате, мошне едноставно се препознава и тоа во ликовите на оние коректорите, моралните, кои демек го корегираат својот идол, покажувајќи не свесно идеопоклонство, но тоа го чинат на начин да му се допаднат нему и да го дополнат во негативните зборови и дела, кои тој ги упатува кон нему различните. Па поапсурдно од тоа да реплицираш и контрареплицираш кон твој истомисленик, истопартиец и човек со иста идеолошка определба има ли?

  Приземјено и наједноставно кажано, доста се играте театар на апсурдот бидејќи може да прерасне во трагедија, односно театарот на комедија која во моментов ја гледаме, лесно може да премине во трагедија. Никој од нас нема кратко паметење и мала меморија и верувајте не сме заборавиле многу работи, меѓу кои посебно ќе ги истакнам следниве, неиздржаните реформи во високото образование, погрешните здравствени политики, културното и културолошко дивеење низ центарот на градот, подвоеноста што со години ја наметнувавте по етничка и верска основа, делењето на патриоти и предавници, и што ли уште не. Доста е театри господа, дајте им на оние кои сакаат да ја видат својата Македонија просперитетна да ја стават на здрави нозе, ни вие ни ние немаме резервна татковина и затоа со срце и душа чекаме да ја вратиме на вистински колосек. Претставите се за во театар, а во парламентот се креира една нова, но за мене подобра и просперитена вистинска животна приказна.

Проф. Д-р Татјана Стојаноска Иванова

Институт за социологија

Филозофски факултет-Скопје


Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка кај Тетово, млада скопјанка итно пренесена на Ургентен

Тешка сообраќајка кај Тетово, млада скопјанка итно пренесена на Ургентен

Совети за еко-возење и заштеда на гориво од РСБСП

Совети за еко-возење и заштеда на гориво од РСБСП

МВР апсеше корисници и продавачи на марихуана во Велес

МВР апсеше корисници и продавачи на марихуана во Велес

Анѓушев: Мои компании нема да учествуваат на државни тендери

Анѓушев: Мои компании нема да учествуваат на државни тендери

СЕЕМ: Не очекува бурен период, новинарите да бидат професионални

СЕЕМ: Не очекува бурен период, новинарите да бидат професионални

Заев на кратката средба со Трамп дал поддршка за реформи на ОН

Заев на кратката средба со Трамп дал поддршка за реформи на ОН

Националниот парк Пелистер спасен од нов голем пожар

Националниот парк Пелистер спасен од нов голем пожар

Уште малку ќе се збогуваме со летните температури

Уште малку ќе се збогуваме со летните температури

Д-Р ВЛАДО СПИРИДОНОВ: Над Балканот се развиваат циклони кои ја немаат таа разурнувачка моќ како ураганите

Д-Р ВЛАДО СПИРИДОНОВ: Над Балканот се развиваат циклони кои ја немаат таа разурнувачка моќ како ураганите