25 Април, 2024
0.0344

Парното поевтино за 5% од јануари

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

„Балкан енерџи“ планира да ги намали авансите за парното бидејќи претходните пресметки биле правени за многу пониски надворешни температури од сегашните, пишува Дневник во денешното издание на весникот. Како што дознава весникот, пониски сметки за парно греење максимум до 5% ќе добијат околу 55.000 домаќинства, кои од годинава се приклучени на системот на „Балкан енерџи“, а јануарските фактури компанијата ќе ги испорача на почетокот од наредната недела „Цената за топлинската енергија не се менува, а и фиксниот дел ќе биде ист, но ние планираме да го намалиме авансниот дел од сметките. Тој авансен дел се определува во зависност од процените за потребната енергија и од надворешните температури. Претходните пресметки се правени врз база на пониски температури, а ние имаме повисоки надворешни температури и затоа проценивме дека има простор за намалување. Значи, јануарските сметки ќе бидат до максимум 5 отсто пониски во авансниот дел споредено со ноемвриските сметки – велат за „Дневник“ извори од „Балкан енерџи“. Kомпанијата ги смирува и граѓаните што почувствуваа дека наместо до 21 часот, топлинска енергија во цевките има и до 23 часот. „Тоа нема да влијае врз висината на сметките во никој случај. Ние само правевме експеримент со цел да се акумулира топлина и да видиме како тоа ќе се одрази врз потрошувачката“ – објаснуваат од „Балкан енерџи“.  

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија