20 Април, 2024
0.0823

Парното треба да поевтини за најмалку 12%

Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Иако реално постојат услови за намалување на цената на парното греење, овие најави се речиси невозможни од формално правен аспект. Правилникот според кој се утврдува цената на парното греење не кореспондира со законот за енергетика. Откако пред две недели регулаторната комисија за енергетика ја намали цената на природниот гас за 17%, сега на потег е регулаторната комисија за енергетика да донесе нов правилник за утврдување на цената на парното греење, а потоа и да донесе одлука за намалување на цената. „Со оглед на фактот што регулаторите го поефтинија гасот, но и мазутот, двата клучни енергенси за производство на топлинска енергија, сега по донесување на правилникот цената на парното греење во најмала рака треба да се намали за 12%“, коментираат извори за Фактор. Балкан Енерџи Груп, руската компанија која го превзема топлификацискиот бизнис не може формално-правно да поднесе барање затоа што постоечкиот правилник кој утврдува приходи и цени и со кој практично се утврдува цената, не е во согласност со законот за енергетика. Од регулаторната комисија за енергетика никој не објаснува каква е процедурата и дали и кога ќе се донесе нов правилник за утврдување на цената на парното греење. Оваа состојба значи дека воопшто не се создадени услови дури и да се поднесе барањето, а дури потоа да се разгледува и да се донесе одлука за нова пониска цена на парното греење. Инаку, Утрински весник завчера пласираше информација дека руската фирма Балкан Енерџи Груп ќе побара од регулаторната комисија намалување на цената за 5% како и греењето да продолжи до 23-30 часот. Топлификација ги порамнува сметките Топлификација со последното годишно порамнување на сметките веќе испорачаа пониски суми за оние граѓани кои не користеле парно или се грееле на млаки радијатори. Корисниците кои се исклучени нема да бидат дел од порамнувањето. Тие ќе ја чекаат одлуката од  Уставниот суд кадешто е поднесена иницијатива за преиспитување на обврската да плаќаат за надомест кој не го користат. Од почетокот на годинава обврската за производство, дистрибуција и снабдување  со топлинска енергија е во рацете на  руската компанија Балкан Енерџи Груп која од Топлификација презеде околу 400 вработени. Претходно Толфикакација ги врати сите лиценци потребни за работа бидејки работеле нерентабилно. М.И.

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!