Пародија: Како Путин му честиташе на „другарот“ Трамп
Објавено во: Свет 10 Ноември, 2016
Комичарите во САД и главните критичари на Доналд Трамп се уште не можат да се помират со фактот дека републиканскиот кандидат ја победи Хилари Клинтон иако го обвинуваа дека може да ја подели нацијата со скандалозните ставови против мигрантите и малцинствата.
Во шоуто на Џими Кимел секогаш владеал сарказмот но, ова е на сосема ново ниво посочувајќи го рускиот претседател Владимир Путин за кој сметаат дека е главен виновник што Трамп победил, па затоа го направија и следново пародично видео каде тој му честита за победата.