ПАРТИИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ СО АГЕНДАТА: Каде ќе има митинзи денеска?
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2016
Од партиите и коалициите и денеска продолжуваат со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.
Од кампањата за изборите на 11 декември, остануваат уште 4 дена.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Берово и Делчево, а Коалицијата „За живот во Македонија“ на чело со СДСМ ќе има митинзи во Крива Паланка и Куманово.
„ВМРО за Македонија“ денеска во 12 часот ќе бидат на градскиот плоштад во Куманово.
„Коалицијата за промени и правда“ предводена од Демократскиот сојуз ќе го посети Куманово, а попладне ќе одржи митинг во „Жена парк“ во Скопје.
Коалицијата „Алијанса за Албанците“ ќе ја претстави изборната програма на митинг во Тетово.