23 Мај, 2017
0.3111

ПАРТИЗИРАНА АДМИНИСТРАЦИЈА: Слаби работници, добри гласачи!

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2016

По една година од стапување на сила на новите законски решенија за администрација сеуште нема напредок во ефикасноста на јавниот сектор, оценуваат дел од експертите и бизнимсените. Од бизнис заедницата посочуваат партизираноста на администрацијата и натаму е пречка за професионализација на јавниот сектор, што на крајот како проблем го чувствува бизнисот. -Државната администрација поседува многу простор и потреба за развој и унапредување, тргнувајќи од фактот дека наместо меритокрацијата, во главно критериум за вработување е политичката афилиација. Ова има негативен импакт врз ефикасноста, квалитетот, стручноста, транспарентност во поглед на праведното и еднаквото служење на сите субјекти, отчетноста и сл. Имајќи во предвид дека бизнисите не функционираат како изолирани системи кои немаат никакво вкрстување со државните административни служби, многу често се соочуваат со разни проблеми кои што го отежнуваат нивното секојдневно функционирање, а го инхибираат нивниот долгорочен успех. Ние сме лидер земја во закони и процедури во региониот но за жал немаме професионала и ефикасна админстрацијата да истите ги процесира навремено. Го делиме мислењето дека немаме ефикасан админстрација, секако е партизирана и оваа одолвлекува поголеми проблеми за бизнисмените кои не се задоволно со нивната работа, вели Неби Хоџа,претседател на Стопанската Комора на Северозападна Македонија. По неколку години молк, Министерството за информатичко општество и администрација ја преброи администрацијата. Во јавниот сектор работат 127.139 луѓе. Во Регистарот за вработени во администрација што го објави министерството спаѓаат вработените во јавните претпријатија, локалните самоуправи, институциите од Централната влада, агенциите, комисиите. Но во регистарот не се влезени компаниите каде државата има делумен или доминатен удел во сопственоста. Во бројката ги нема ни државните компнаиии ЕЛЕМ и МЕПСО.Регистарот на вработени во јавниот сектор ќе се полни до 31 март, кога ќе биде објавен и првиот годишен извештај.Откако се објави бројката, во јавноста се отвори прашањето дали е ова реалната бројка на вработените во администрацијата? -Сметам дека бројката од 127.139  луѓе во администрацијата не е реална. Ги има многу повеќе. На министерката,како функционер од редовите на владејчката гарнитура, не и одговара да ја каже вистинската бројка. Факт е дека власта секогаш ги крие непријатните вистини од граѓаните. Со бројка од 120.000 административици се баратеше пред шест, седум години. Од тогаш до сега администрацијата повеќе пати е „пумпана“ со нов кадар. Имајќи ги во вид бројните „пумпања“ на републичко и локални ниво, врз основа на слободна проценка, сметам дека бројот на административците во најдобар случај, не е помал од 160 000. Сигурно е поглем. Според тоа, бројкта од 180.000 административци со која се барата во јавноста не е далеку до вистината. Овде ги имам во вид државните органи и институции, се разбира и  јавните претпријатија. Што се однесува до акционерсктие друштва и фирмите со половина приватен и половина државен капитал, тие можат да бидат опфатени и а и не мора. Ако работите се гледаат  од финансиски аспект, јас би ги опфатил и нив, затоа што државниот капитал (половината од вкупниот капитал на овие фирми) е капитал кој потекнува од државниот буџет. Ако се занемари финансискиот аспект, а се има во вид само организациониот аспект, не би ги опфатил, затоа што не се чисто државни, туку посебна категорија фирми - мешовити фирми, вели универзитетскиот професор Темелко Ристески. Растат буџетските издатоци за плати за администрацијата Годинава за плати и надоместоци на администрацијата од буџетот ќе се одвојат над 421 милион евра. Анализирано по години издашноста на буџетот за администрацијата од година во година расте. Така во 2011 година за оваа ставка биле одвоени 365 милиони евра, лани близу 400 милиони евра, или сумирано за шест години вклучувајќи ја и оваа 2016 година за плати на администрацијата ќе се потрошат скоро 2,3 милјарди евра. Се поставува прашањето дали буџетските трансфери се зголемуваат заради згфолемувањето на платите или бројката во адимистрацијата? - Што се однесува до буџетските трансфери за плати  во администрацијата сметам дека тие пред  се наменети за плати на зголемениот број вработени. Нема сомнение дека нешто се употребува и за зголемување на платите, но тоа  е  помалку. Во последниве три месеци сум разговарал со петнаесетина службеници од органите на државната управа (од Министгерството за одбрана, од Министерството за образование, Министарството за внатрешни работи), и сите ми се жалеа на ниските плати, вели универзитетскиот професор Ристески.   Бизнисмените посочуваат дека двигател на економијата треба да биде приватниот, а не јавниот сектор. Според расположливите податоци ако во приватниот сектор работаат околу 711 илјади луѓе, тогаш секој 5,5 вработен одржуваат еден вработен во администрацијата. -Време е Македонија да си биде во целост пазарна економија каде што приватниот сектор ќе биде двигател на економскиот развој како што е во западните земји, а не јавниот сектор да биде товар на приватниот сектор. Јаниот сектор секоја година ни јаде поголем дел од буџетот бидејќи не се рентабилни доволно да ги покриваат трошоците и на ова се спротиставуваме затоа што лошото  работење на јавниот секрот се храни од даноците .Неможеме да кажеме дека немаме прогрес во подобрувањето на владините мерки кон приватниот сектор, но го делиме мислењето дека треба уште многу да се одработува, вели Хоџа. Министерката Арсовска и дополнителниот заменик Кирацовски со меѓусебни обвинувања Според министерската за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, сегашната бројка на администрацијата е точна и реална, а законските процедури се запазени. Арсовска изјави споредено со претходната година бројот на вработени во администрацијата е намален за 1 процент. Регистарот на вработени во јавниот сектор ќе се полни до 31 март, кога ќе биде објавен и првиот годишен извештај.Од завчера секој вработен во администрација на веб страната на министерството може да провери далие регистриран. -Бројката на вработените во јавниот сектор е намалена зашто изминатиов период се објавени исклучително помал број огласи, односно само неколку, за војската и полицијата, како и во други сегменти каде, поради потреба, се склучени времени договори за не повеќе од една година, изјави неодмна Арсовска Томовска. Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски обвини дека бројката е многу поголема и најави тужба против министерката Арсовска Томовска. -Во текот на хаотичното и брзоплето собирање на податоците од институциите, од страна на министерството се направени низа неправилности и нерегуларности, меѓу кои, непочитување на рокови, спроведување на несоодветен модел на прибирање на податоците од институциите, што ми дава за право целосно да се сомневам во овој број на вработените во Јавниот сектор, објавен од страна на министерката, изјави Кирацовски. Кирацовски минатата недела поднесе кривична пријава против министерката Арсовска Томовска.Причина за поднесената кривична пријава како што соопштија од кабинетот на Кирацовски е поради обид за незаконско вршење на притисок врз вработените во министерството. Токму состојбата во администрацијата, слабата ефикасност и партизираноста се нотираат во секој извештај од Европската Комисија и во извештајот на Прибе. Во услови на прецизирање на тајмингот за одржување на предвремените парламентарни избори, едно од клучните прашање е токму деполитизацијата на јавниот сектор. Т.С    

Можеби ќе ве интересира

Газпром ќе ја стартува и втората линија на гасоводот Турски тек

Газпром ќе ја стартува и втората линија на гасоводот Турски тек

Меркел: Еврото е многу слабо поради ЕЦБ

Меркел: Еврото е многу слабо поради ЕЦБ

Тие што имале 100 долари во биткоини во 2010 денес имаат 73 милиони долари

Тие што имале 100 долари во биткоини во 2010 денес имаат 73 милиони долари

Хотели Метропол донесе одлука - Колку сопствени акции ќе откупи?

Хотели Метропол донесе одлука - Колку сопствени акции ќе откупи?

Еве колку ги плаќа Кинезите ќерката на Трамп

Еве колку ги плаќа Кинезите ќерката на Трамп

Во март повисоки нето и бруто плати од февруари

Во март повисоки нето и бруто плати од февруари

(ФОТО) Ако не верувате во она што го работите не почнувајте бизнис

(ФОТО) Ако не верувате во она што го работите не почнувајте бизнис

Скок на цената на нафтата, еве колку чини барел

Скок на цената на нафтата, еве колку чини барел

Ford го менува главниот директор, време е за нови технологии

Ford го менува главниот директор, време е за нови технологии