ПАТ КОН ЕВРОПА: Што се преживуваат децата мигранти пред да стигнат во ветените земји?
Објавено во: Свет 12 Септември, 2017
Над три четвртини од децата и младите лица, кои се обидуваат да мигрираат во Европа преку Средоземното Море, се жртви на злоупотреба, стои во извештајот на ОН, што беше објавен денеска.
Со истражувањето, направено од ОН, се опфатени 22.000 мигранти и бегалци, меѓу кои и 11.000 деца и млади лица, јави дописникот на МИА од Париз.
Детскиот фонд при ОН (УНИЦЕФ) и Меѓународната организација за мигранција (ИОМ) соопштија дека младите мигранти од Субсахарска Африка се најмногу изложени на ризик од злоставување, веројатно поради расизам.
„Апсолутна вистина е дека децата кои го преминуваат Средоземното Море се жртви на злоупотреба, трговија, малтретирање и дискриминација“ - вели регионалниот директор на УНИЦЕФ за Европа, Афшан Кан.
Двете организации наведоа дека, 77% од децата и младите мигранти кои се обидуваат да стигнат во Европа преку Средоземното Море, имаат „директно искуство со злоупотреба, експлоатација и трговија со луѓе“.
Високиот комесаријат на ОН за бегалци информираше дека денес повеќе од половина деца-бегалци во светот, околу 3,5 милиони, не посетуваат училишта.