Патриотските здруженија не се сретнаа со Иванов, го нарекоа кукавица
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2017
Патриотските здруженија кои денеска протестираа пред претседателската вила за одземање на мандатот на премиерот Зоран Заев, го нарекоа шефот на државата, Ѓорге Иванов кукавица бидејќи не се појави.
„Преродба“, „Македониум“, МПЗ „Тврдокорни“, Движењето за цивилизациски вредности, „Единствениот пат“ – движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет сакаа да му остават писмено барање на Иванов за одземање на мандатот на Заев.
Тие велат дека Македонија е нападната од сите страни – прво со Тиранската платформа, но и со договорот со Бугарија.На протестот можеа да се видат транспаренти „Каде оди Македонија, каде оди човештвото“.
Здруженијата бараат да му се одземе мандатот на Заев бидејќи сметаат дека премиерот работи против македонските национални, државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата.