25 Април, 2024
0.0326

ПАУЕР РЕСОУРЦЕС ја слави успешната инвестиција во Македонија со свечена церемонија по повод отварањето од страна на Неговото Височество, Принцот Мајкл од Кент

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

ПАУЕР РЕСОУРЦЕС ЛТД е интернационална компанија што специјализира во развој и комерцализација на технологии за преработка на специјални метали на начин што не ја загадува животната средина, а за употреба во висококвалитетни технологии. Во јуни, 2015 година, Македонската подружница, ПРГ ДООЕЛ, започна со дизајн и изградба на најновата рафинерија за преработка на тантал во светот и прва во Европа во последните 50 години. Лоцирана во Гостивар, таа е една од само 44 рафинерии во светот што се во согласност со стандардите за сертифицирање на ЕИЦЦ, а воедно е една од само 29 кои што можат да преработат руда и електронски остатоци од отпад и една од само четири такви производители во Европа. 

На 19ти септември, 2017 година, Неговото Височество, Принцот Мајкл од Кент, свечено ќе ја отвори фабриката за производство, со цел да го означи нејзиното завршување и глобално признавање како интернационално сертифицирана рафинерија за производство на тантал и ниобиум. 

“Оваа фабрика е резултат на години на инвестирање и истражувања и развој и сме особено восхитени што имавме можност ова да го изградиме во Македонија. Во план ни е да ја продолжиме нашата посветеност за развој на висококвалитетно индустриско производство и да го водиме патот со нашите иновации во науката за материјата и откривањето на минерали.“ - Реј Пауер.

До денес, ПРГ има инвестирано преку 10 милиони долари во истражување, развој и изградба на фабриката за производство на тантал и ниобиум и има вработено 70 луѓе на Балканот, од кои повеќе од половината се од Македонија. ПРГ моментално конструира и модерна лабараторија во Скопје, со цел да ги помогне идните технолошки развои и своите планови за проширување на операциите во Македонија. 

Со своето висококвалитетно производство на висок степен на чист тантал и ниобиум, ПРГ ги снабдува брзорастечките електронски, автомобилски, 3Д принт и авионски индустрии, бидејќи тие имаат потреба од сигурно добавување на ретки метали, а со цел да го потпомогнат идниот развој на светската врвно-технолошка економија. 

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет