29 Март, 2024
0.0264

ПАУЗА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ: Ќе продолжат со работа по изборите

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Пратениците ќе одмораат се до завршувањето на локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври. 

Собранието попладнево ја прекина работата по 15-та седница, а собранискиот претседател Талат Џафери најави дека пратениците со работа ќе продолжат по локалните избори.

Пратениците денеска шести ден во рамки на 15-та седница дебатира по Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека законот е неуставен, дека е резултат на политички договор на владејачката коалиција. 

Од СДСМ го тврдат спротивното. Велат дека законот  е во согласност со членот 5 од Уставот на Република Македонија и ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници. 

Џафери рече дека донел ваква одлука за да не има чувство дека по секоја цена сака да се постигне некоја цел.

Спикерот додава дека ја прекинува дебатата согласно неговата најава дека Парламентот нема да работи на почетокот на кампањата за изборите. 

„Битно е дека како резултат на дебатата произлезе дека од интерес на граѓаните е и потребата за носење на соодветниот закон кој што е во редовна постапка и за кој што се надевам ќе продолжиме со дебатата по изборите“- рече Џафери.

Тој посака мирна и успешна предизборна кампања. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење