20 Април, 2024
0.0279

Павле Трајанов бара оставки од пратениците кои ги тргнаа заштитните пречки од вратата во Парламентот

Објавено во: Македонија 30 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Демократскиот сојуз инсистира пратениците кои ги тргнаа заштитните пречки од вратата на главниот влез во Парламентот и од каде влегоа протестантите, веднаш да си поднесат оставка. 

Тоа е нивна морална обврска и одговорност, додаваат од партијата на Павле Трајанов. 

„Демократскиот сојуз бара темелна истрага и одговорност за сите инволвирани во насилничкото и крваво сценарио насочено против Република Македонија. Демократскиот сојуз бара од МВР и Јавното обвинителство, да спроведат неселективна брза, ефикасна и сеопфатна истрага против организаторите на насилството во македонскиот Парламент, насилство со кое се поткопаа темелите на државата и е во функција на сценариото за целосна дестабилизација и разнебитување на Македонија. Демократскиот сојуз инсистира пратениците кои ги тргнаа заштитните пречки од вратата на главниот влез во Парламентот и од каде влегоа протестантите, веднаш да си поднесат оставка. Тоа е нивна морална обврска и одговорност.

Одговорност мора да понесат и инспираторите, организаторите и директните учесници во овие насилнички процеси“ - стои во соопштението од ДС. 

Демократскиот сојуз повикува граѓаните да останат присебни и смирени и да не учествуваат на протести, се со цел да се даде простор на политичкиот дијалог и обезбеди мирен трансфер на власта. 

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам