Павлопулос повторно „удри“ врз Македонија-Пак вика оти била грчка
Објавено во: Балкан 18 Октомври, 2016
Нема крај на негативната реторика од страна на грчки функционери кон Македонија.
Овој пат Македонија се најде во „устата“ на грчкиот претседател кој порача дека нашата земја отсекогаш била и ќе остане грчка.
Прокопис Павлопулос во последната, денешна изјава ја обвини нашата земја дека присувојува имиња, што за него било иредентизам.
Вели дека го кршиме европското право и затоа немаме шанси да влеземе во Унијата.
Тврди дека не ги исполнуваме ниту предусловите на прединституционалните права на ЕУ.
Павлопулос дицидно и отворено укажува на погореспоменатите работи со образложение дека сака добрососедство и пријателство, но тоа поминувало низ почитување на историјата и на институциите на самата Европа.
Во градот Воден, Павлопулос денеска беше прогласен за почесен граѓанин и оттаму неколку пати повторил дека тој град историски е поврзан со грчкиот карактер на Македонија и пред присутбите го образложил потеклото на зборот Едеса, односно Воден.