ПЕКАР НУДИ БЕСПЛАТЕН ЛЕБ ЗА ОНИЕ КОИ НЕМААT: Ако треба и нека пропаднам
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2017
Ферхат Хоџај, пекар од Приепоље, Србија изминативе денови го привлече вниманието на јавноста затоа што нуди бесплатен леб на оние кои немаат, по цена и да пропадне.
На неговата пекара стои натпис во кој се вели дека семејствата кои немаат леб, можат да добијат еден до два леба бесплатно во период од 6 до 20 часот секој ден.
Овој 33 годишен пекар е зачуден од реакциите на социјалните мрежи. Вели дека не сака реклама и дека она што го прави не е оригинално или необично.
„Јас не сакам да предизвикам емоции на овој начин, едноставно сакам да помогнам на оние кои немаат или можеби моментално немаат. Ако е судено заради ова да пропаднам, тогаш треба да пропаднам, и да не се занимавам со оваа работа“ - вели пекарот.
Хоџај додава дека за неколку дена леб добиле сите оние кои немале да платат, но објаснува дека на многумина им е срам да отидат во пекара и да бараат бесплатен леб затоа што немаат пари.