Пеколното лето се враќа-еве какво време ќе имаме деновиве
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2017
Тропските горештини се враќаат.
Вака може слободно да кажеме ако прогнозите на метеоролозите велат дека топлото време и високите температури од 40 степени се враќаат по неколку дена свежите временски услови.
Живата на термометарот повторно ќе застане над 40-от степен од утре па до наредната недела.
Денес не очекува прилично топол и сончев ден со максимални температури кои ќе бидат до 35 степени.
Викендов температурите ќе растат и ќе достигнат 37 степени Целзиусови максимум.
Како ќе одминуваат деновите така и термометарот ќе покажува раст нагоре.
Тоа значи дека во понеделник ќе имаме жешко време со 38 степени, вторник 39, и во среда 40 .
Разладување може да почуствувате само ако се наоѓате во планински предел . Таму се поголеми условите за локален дожд.