25 Април, 2024
0.0416

Пендаровски: Во Давос политичарите ги слушаат крупните играчи за да знаат што да прават за своите народи

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Светскиот економски форум е во полн ек, започнаа и првите говори на видни политички имиња од светски калибар, а се одржаа и повеќе панели на кои се говореше за жешки теми. Давос е интересен и во истовреме многу важен настан, смета Стево Пендаровски, универзитетски професор кој во 2003-та беше таму како дел од македонската делегација која ја предводеше покојниот претседател Борис Трајковски.

„Таму не се само формалните личности кои носат одлуки, туку таму се и луѓето кои влијаат позади нив. На пример се смета дека во Давос се зачнати на ниво на идеи, големи проекти, како Обединета Европа, понатаму еврото како заедничка валута. Се дискутираше и за излезот од финансиската и политичката криза. Значи во Давос е важно да бидете, за да наслушнете што и како крупните играчи мислат да прават со светот во наредните години. Давос е значаен оти таму се одредуваат трендовите, а нив ги зацртуваат креаторите на јавното мислење. Секако, таму се и политичарите, меѓутоа по она што јас го знам тие во Давос, слушаат што овие другите кажуваат за да знаат што треба да направат во корист на своите народи. Во неформалниот дел на самитот, најголемите мултинационални компании прават промоција на некои од своите производи. „На пример во Давос, во 2003 година Мерцедес правеше промоција на своите најнови типови на возила и тука се среќаваа главните одлучувачи во светот. Панелите се како секоја друга дебата или семинар, сите внимаваат што ќе кажат, но неформалното дружење е навистина битно. Еве на пример, таа година во Давос една од најголемите ѕвезди во неформалниот дел беше кралот од Јордан кој на еден прилично пластичен начин на нашиот претседател Трајковски тогаш му ја објасни ситуацијата на Блискиот исток, а се разговараше и за евентуалното ангажирање на градежнитие фирми од Македонија. Тоа е периодот кога САД се подготвуваше да го нападне Ирак, тоа е времето пред падот на Садам Хусеин. Тогаш јорданскиот крал предвиде многу работи што ќе се случуваат и по паѓањето на Садам Хусеин, така што тоа се драгоцени информации особено за мали држави кои немаат толку често прилики да се дружат со најмоќните. На Давос се оди со покана. На светскиот форум кој се одржува еднаш годишно, може да се учествува само доколку добиете лична покана. „Јас го цитирам постојано покојниот претседател Борис Трајковски кој велеше: ако тие не ме побараат, а нема, тогаш ќе ги побарам јас. Тој во ходник ги запираше сите и Џорџ Буш и Владимир Путин, ќе ги застанеше и ќе им се претставеше. Нема суети, кога доаѓаш од мала држава мораш да ги молиш другите да те сослушаат. Една минута средба со тие џинови од моќни држави е важна за два милиони народ. На Давос не ве викаат заради функцијата, нив совршено не ги интересира дали сте претседател или премиер на некоја држава, таму ве викаат заради меѓународните контакти кои ги имате и впечатокот кој го имате оставено претходно“, изјави Пендаровски. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот