ПЕНЗИИТЕ ВО РЕГИОНОТ: Кој најмногу добива, а кој највеќе губи?
Објавено во: Балкан 20 Август, 2017
За споредба, просечната пензија во Словенија изнесува 615 евра, во Хрватска 306 евра, во Македонија 224 евра, во Србија 198 евра, во БиХ 189 евра, а Црна Гора има просек од 284 евра, пренесува агенцијата Анадолија.
Во најдобра положба се пензионерите од Словенија, но се наведува дека и Црна Гора има добри резултати на ова поле.
Во Црна Гора најниската пензија загарантирана со закон е 122 евра.
Земјата има 122.871 корисници на пензија.
Пензионерите се загрижени, но властите во Црна Гора соопштија дека оваа година пензиите нема да бидат замрзнати.