23 Април, 2024
0.0266

Пензионерите топ тема, ќе ги издржат ли пензиските фондови и овие избори!

Објавено во: Финансии 26 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Додека опозицијата тврди дека пензиите за идните пензионери ќе се намалуваат, ресорниот министер и владеачката ВМРО-ДПМНЕ, велат дека тоа нема да се случи. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска повтори дека  средствата и во приватните пензиски фондови и во државниот пензиски фонд се сигурни. Тој вели дека пензиите ќе се исплатуваат и нема никаков ризик во нивната исплата ниту сега, ниту во следниот период. Во интервју дадено пред десетина дена, Министерот рече дека ќе се почитува даденото ветување пензиите да се исплаќаат првата седмица во месецот без разлика на група и категорија, што е знак за стабилност на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кој како што повтори тој нема да крахира и покрај тврдењата на многумина. Сепак, вчера опозицијатата излезе со став дека состојбите во пензискиот систем се далеку од розови. Според нив буџетот е тенок и затоа власта го измени законот и ги натера приватните пензиски фондови предвреме да ја продадат еврообврзницa своевремено издадена од Република Македонија. Овие пари, тврди потпретседателот на СДСМ,  Зоран Јовановски, Владата ги пренасочи за крпење на скинатиот буџет. „Податоците покажуваат дека во периодот од јули па заклучно со октомври, износот на државни хартии од вредност што се во посед на приватните пензиски фондови се зголемил за 84 милиони евра, од кои 70 милиони евра се однесуваат на парите добиени од предвремената продажба на еврообврзницата”, беше појаснувањето на Јовановски. Тој смета дека Владата со ова предизвикала штета кај повеќе од 300 илјади граѓани кои се во вториот пензиски столб и ќе имаат пониски пензии во споредба со пензиите што ќе ги имаа ако приватните пензиски фондови ја сочуваа еврообврзницата до крај, наместо да ја продадат предвреме. Веднаш се огласија од владеачката партија. Соопштија, нема намалување на пензиите,  а со одлуката да се вложува во државните хартии од вредност дополнително се обезбедува сигурност на пензиските фондови и пензиите на граѓаните, еврообврзницата се издава за да донесе странски капитал однадвор, за да се подобри ликвидноста, односно да се доведат свежи средства во домашната економија. Додека Европа мака мачи со исплата на пензиите и ја зголемува староста за пензионирање, Министерот Ристовски појаснува дека кај нас старосната граница ќе остане непромената. Пред само две недели, беше потврдено дека рекордни 322,3 милиони евра во 2013 година ќе бидат префрлени од централниот Буџет во касата на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, што е за  35,5 милиони евра повеќе отколку што за спас на пензискиот систем беа одвоени со годинешниот буџет. Како главната причина за зголемувањето на сумата беше најавеното зголемувањето на пензиите од 5 проценти, или за околу 550 денари, што треба да се случи во март идната година. Трошоците што му се наметнати на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување , неминовно ќе доведат до зголемување на дефицитот во Фондот и проблеми во исплатата на пензиите во иднина, смета поранешниот министер за труд и социјала Стевчо Јакимовски . „Тоа значи дека,  од некои 27 отсто во  2006 – та година (процент на пензии што се намируваа од Буџетот) сега имаме 35 отсто со сериозни индиции дека следната година ќе бидат 40 отсто. Тоа значи, 40 отсто од пензиите се намируваат од Буџетот.  Ако вака продолжи, за некои 12 до 13 години,  Република Македонија ќе треба половина од буџетот да даде за пензии. Тоа е многу сериозен проблем. Или втора варијанта , тогаш ќе мора драстично да се намалат пензиите или пак да дојде до драстично зголемување на покачување на придонесите “, тврди Јакимовски. Инаку, Фондот за ПИОМ вo година вкупно за пензии ќе потроши исто така рекордни 808,8 милиони евра.  469 милиони планира да ги обезбеди од придонесите за пензиско осигурување што го плаќаат вработените и уште неколку милиони од продажба на акции и удели во македонските компании. Во меѓувремe со цел да го подобри животот на пензионерите, Владата  им дозволи бесплатно возење со автобус, бесплатна бања за оние со ниски примања, бесплатно кино, театар, посета на музеи и куп други  бенефиции. Ј.Ј.

Можеби ќе ве интересира

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија