24 Април, 2024
0.0271

Пензиска бомба за 400 трилиони долари темпирана во големите економии

Објавено во: Економија 28 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Идните генерации се на пат да заглавaт во најголемата пензиска криза во историјата, посочува Светскиот економски форум, освен ако политичарите од водечките светски економии не преземат акција, пренесува CNBC.

Организацијата со седиште во Женева прогнозира дека предизвиците од постарото население може да ги принудат најголемите економии во светот да се борат со темпирана пензиска бомба.

Анализа на СЕФ покажува дека шесте земји со највисоки пензии - САД, Канада, Велика Британија, Холандија, Јапонија и Австралија - и двете најгусто населени земји - Кина и Индија, ќе се соочат со недостиг на пензиски средства за над 400 трилиони долари во 2050 година во однос на околу 70 трилиони долари во 2015 година.

„Очекуваното зголемување на должината на животот и стареењето на населението како резултат на тоа се финансискиот еквивалент на климатските промени“, вели Мајкл Дрекслер, шеф на финансиските и инфраструктурните системи во СЕФ, во извештајот објавен во петокот.

Форумот, кој го организира годишната средба на глобалната елита во Давос, вели дека со оглед на очекуваното времетраење на животот на децата, раѓани денес, од над 100 години трошоците за обезбедување на финансиска сигурност на луѓето во пензија може да се вивнат до невидени нивоа.

Според оценките на СЕФ за иднината недостатокот на пензиски заштеди во сите осум земји годишно ќе расте со 5% во наредните четири децении. Тоа одговара на дефицит за уште 28 милијарди долари на секои 24 часа.

„Треба да го решиме овој проблем сега или да прифатиме дека неговите негативни ефекти кои ќе влијаат врз идните генерации, ќе предизвикаат невозможен притисок врз нашите деца и внуци“, додава Дрекслер.

Извештајот се базира прогнозите за недостигот во пензиските заштеди на средствата потребни за да им се овозможи на луѓето да се пензионираат, без особено многу да биде засегнат стандардот на нивниот живот. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) препорачува цел од 70% од приходите на луѓето пред пензионирање.

ОЕЦД тврди дека ова ќе им даде на луѓето доволно безбедност по пензионирањето , бидејќи луѓето воопшто штедат помалку и плаќаат помалку даноци, кога престанат да работат.

СЕФ нуди план од пет точки, кој политичарите треба да го прифатат, за да помогнат да се надмине влијанието на пензиската криза врз идните генерации.

Приоритетните активности вклучуваат ревизија на возраста за пензионирање во земјата, перцепција на технолошка помош по потреба, поддршка на напорите за финансиска писменост на ранливите лица, обезбедување на јасна комуникација со сите и стандардизирање на пензиските податоци за да им се даде на граѓаните целосна претстава за соодветна финансиска состојба.

„Иако предизвикот изгледа огромен, важно е постојано да ги развиваме системите за да се стартуваат позитивни промени“,се вели извештајот. Во него се додава дека „ако постојано го разгледуваме, цениме и преземаме мали чекори во времето, ќе има поголема можност да ги пречекаме потребите на денешните пензионери и да си ги дозволиме ветувањата што ги правиме пред денешните работници“.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?