29 Март, 2024
0.0444

Пеп Гвардиола ќе заработува милиони во Баерн Минхен

Објавено во: Стил 17 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Пеп Гвардиола, идниот тренер на Баерн Минхен според најавите на шпанските медиуми, ќе биде најплатениот светски тренер, со годишна плата од 17 милиони евра. За два милиони евра, Гвардиола ќе има поголема годишна заработувачка од колегата од Реал Мадрид, Жозе Мурињо. Трет на листата на најплатени светски тренери е Италијанецот  Карло Анчелоти, кој во Пари Сен Жерман има плата од 13,5 милиони евра. Следен е неговиот сонародник, Марчело Липи, тренер на кинескиот Гвангжу, со плата од 10 милиони евра. По нив се Алекс Фергусон 9,4 милиони, Арсен Венгер со 9,3 и Гус Хидинк 8,3 милиони евра.