25 Април, 2024
0.0300

PepsiCo преговара: Сака да ја купи кокосовата вода Vita Coco

Објавено во: Економија 27 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Производителот на безалкохолни пијалоци PepsiCo преговара за преземање на All Market Inc, сопственик на брендот кокосова вода Vita Coco во која инвестираат личности како Мадона и Метју Мекконахи, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на запознаени извори.

Стекнувањето би му помогнало на PepsiCo да ја прошири својата листа со производи, во момент кога компанијата се бори со намалување на продажбата поради променливиот вкус на потрошувачите и побарувачката на многу здравствени варијанти од газираните пијалоци.

PepsiCo компанијата која е со седиште во Њујорк сепак предложила значително помала сума од таа против која сопствениците на All Market се обидуваат да го продадат бизнисот, што предизвикува несигурност дали двете земји ќе стигнат до договор.

Засега компанијата за безалкохолни пијалоци не ја коментираше претстојната зделка, Vita Coco одбива коментар, а Ројтерс се повикува на анонимни извори, бидејќи преговорите се доверливи.

Основана во 2004 година од страна на двајца пријатели од детството во Њујорк, Vita Coco веќе реализира продажбата во 30 земји и е светски лидер на пазарот на кокосова вода со 26% пазарен удел од 2,5 милијарди долари, покажуваат податоците на истражувачката компанија Euromonitor International.

Извлечена од млад зелен кокос, кокосовата вода веќе ужива сериозен интерес во Северна Америка и Европа.

Во исто време Pepsi се обидува да развие бизнис со здрави производи, а  минатата година објави дека се стреми да стекне неколку компании кои произведуваат корисна храна и пијалоци.

PepsiCo исто така, го поседува брендот Quaker Oats (овес), чипс Frito-Lay, енергетскиот пијалок Gatorade и портокал сок Tropicana.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?