20 Април, 2024
0.1188

Перустија- ајварот кој го освои светот, отсега достапен и на домашниот пазар!

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Ајварот „Перустија“, кој се извезува во повеќе од 20 земји ширум светот, отсега е достапен и на македонскиот пазар. Откако ги освои вкусовите на потрошувачите во САД, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Холандија, Германија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и многу други, раководството на компанијата „Ларс“ реши да го пласира истиот и пред домашните потрошувачи.

“Најголем дел од нашето производство од околу 1,5 милиони тегли ајвар годишно е наменето за извоз.Нашите традиционални партнери од надвор ни бараат квалитетни производи, деликатеси каков што впрочем е и ајварот, при што условот е тие да бидат висококвалитетни, без додатоци и конзерванси. Ние решивме тоа да им го понудиме со „Перустија“. Побарувачката од година во година расте. Нашата цел е да не ги запоставиме ни домашните потрошувачи поради што од оваа година сме присутни во речиси сите поголеми трговски синџири во земјава“, објаснува Дарко Нашков, сопственик на компанијата.

„Перустија“ се произведува во фабриката „Ларс“ во Штип, која 27 години преработува зеленчук:корнишони, феферони, печени пиперки, цвекло, сушен зеленчук, ајвар и друго. Нашков објаснува дека патот на ајварот “Перустија“ започнува на странски пазари како резултат на побарувачката и потребата од деликатеси на дел од тие пазари. Најавува скорешно ширење и на нови пазари.


Годишниот извоз на ајварот „Перустија“ достигнува вредност од 6 милиони евра. Проблем со набавка на суровина нема, вели Нашков, и додава дека еден од ретките земјоделски производи чие што производство и откуп расте од година во година е црвената пиперка.

  „Секогаш имаме коректни односи со производителите на црвена пиперка, бидејќи без нив не можеме да работиме. Суровината секогаш е навреме платена“, вели Нашков.


Домашниот пазар е многу важен затоа што расте побарувачката на преработки и луѓето имаат се поголема доверба во квалитетот на македонските производи.

Целта како компанија ни е во иднина да го зголемуваме уделот на брендирани производи во нашето портфолио, а да го намалуваме уделот на класичните производи како пиперки, корнишони, цвекло кои се продаваат по берзанска, ниска цена и за кои имаме огромна конкуренција од цел свет“, вели Нашков.


Според последните официјални податоци, околу 80% од производството на домашните преработувачи на овошје и зеленчук оди во извоз при што се забележува тренд на пораст на цените на македонските деликатеси. Расте побарувачката и на домашниот пазар и свеста кај потрошувачите за квалитетот на македонските производи.

„Перустија“ која има 5 вкусови во својата палета: благ, лут и екстра лут црвен ајвар, зелен и жолт ајвар, дефинитивно е препознаен од потрошувачите како врвен производ!


Повеќе информации за “Перустија“ на http://perustija.com/и на:

Фејсбук: www.facebook.com/perustija
Инстаграм: perustija


*Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга