25 Април, 2024
0.0271

Пет правила на супер богатите!

Објавено во: Стил 09 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Истражувачите откриваат што прават  богатите луѓекога ќе дојде време за пензионирање, што купуваат и на што ги трошат нивните пет минути на одмор.Според Хафингтон пост, истражувањата покажуваат дека повеќето од богатитете ги почитуваат следниве пет правила: Не се пензионираат кога ќе ги исполнат условите Луѓето со највисоки приходи во САД и оние со највисоки заштеди не планираат да се пензионираате пред да наполнат 70 години, покажува истражувањето. Повеќе од половина од оние кои заработуваат над 75.000 долари годишно велат дека планираат да работат , иако тие имаат право на пензија, затоа што тие го сакаат тоа. Дел од нив нема да работат со полно работно време, но сигурно , велат тие, ќе останат на работа. Што подоцна почнат да замаат пензија ,таа ќе биде повисока, се заклучува во студијата. Не се будат во 6 часот наутро Директорите на големите компании, како по правило, се будат околу 5 часот наутро. Наместо да бришат во инбоксот тие се подготвуваат за состаноци, а пораките и проверуваат за време на петминутните паузи. Подобрата подготовка за состаноци и проекти значи и поголема веројатност за промоција и повисока плата. Не ги игноририраат понуди за работа Оние кои заработуваат над просекот, обично се во потрага по она што ќе биде следниот чекор во нивната кариера . Тие често се подготвени да работат на пониска позиција, ако е поверојатно дека во компанијата ќе успеат да напредуваат побрзо од онаа во која тие работат. Не купуваат , кога можат да позајмат Не купуваат куќа сите кои не мораат. Петгодишното правило е- ако немате намера да живеете во куќата повеќе од пет години , не ја купувајте. Не купуваат без проверка дека истиот производ може да се плати помалку од првата понуда Побогатите луѓе секогаш обрнуваат внимание на цената на она што го купуваат . Ако истото може да се плати помалку, тие ќе го купат поевтиното. Затоа, не купуваат веднаш туку бараат поповолни услови и пониски цени.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти