ПЕТ ПРОМЕНИ НА ВАШЕТО РАБОТНО МЕСТО: Некои ќе ви се допаднат
Објавено во: Финансии 13 Мај, 2017
Според направена анкета со 2000 вработени се гледа дека на работниците им се допаѓа ако имаат награди на работа, ако имаат можност за флексибилност, ако средината е релаксирачка, ако имаат апарт за кафе во канцеларија или виртуелни асистенти.
Социологот Реј Олденбург вели дека имаме работа, дома каде обавуваме повеќе лични обврски, но и ресторан или кафуле нешто како „трета смена“ каде можат да се родат многу креативни идеи.
Се очекува дека во иднина работниот простор ќе биде флексибилен, а можно е да има и градинка за децата на вработените.
Границите меѓу работата и социјалниот живот се бришат, а меѓу овие две сфери треба да има баланс.
Истражувањето покажува дека поголемо влијание за задржување на работниците има технологијата отколку бесплатните оброци.
Наместо напорна работа, треба да се цени паметниот начин на работа.
Анкетираните очекуваат дека целата рачна работа за 20 години ќе биде автоматизирана.