19 Април, 2024
0.0283

Пет совети како да бидете оптимисти

Објавено во: Стил 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

За да се чувствувате среќно и исполнето не треба да ги иматe сите пари на светот. Најдобрите работи за поправање на расположението најчесто се бесплатни. Ова се неколку совети како да го подигнете вашиот оптимизам, како да мислите позитивно и да го подобрите вашето психичко здравје. Оптимистите се поздрави и секогаш подготвени да им помогнат на другите. 1. Мислете позитивно Во организмот на оптимистите има повеќе антитела и повеќе крвни зрнца за борбата против болести. Личностите кои во младоста црно гледаат на животот, во староста честопати страдаат од сериозни болести. 2. Почесто водете љубов Станува збор за одлична аеробна вежба за добра физичка и психичка форма. Едно шведско истражување покажало дека сексуално активните луѓе се воедно и поздрави. 3. Држете се исправено Подгрбавеното држење дополнително го преоптеретува ’рбетот, предизвикува напнатост во мускулите на грбот и рамената, а изгледате и три килограми потешки. Затоа исправете се во вашата полна висина, дигнете ја главата, вовлечете го стомакот... Додека одите имајте на ум дека врвот ве влече нагоре. 4. Секој ден по пет минути дишете длабоко Со површното дишење во телото внесуваме премалку кислород, а издишуваме премалку јаглерод диоксид. Длабокото дишење го ублажува стресот и му обезбедува на телото повеќе кислород, а со тоа и повеќе енергија. 5. Почнете да пиете зелен чај Покрај тоа што помага против висок крвен притисок и го редуцира холестеролот во крвта, имате многу причини зошто да го конзумирате.  

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре