29 Март, 2024
0.0613

Петмина претставници од Македонија дел од 25 членото жири на BalCannes

Објавено во: Мои пари 24 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Гордана Ампова Димeвска (Зегин), Ленче Карпузовска (ЕВН), Василије Чорлука (Сачи&Сачи / Публицис ОНЕ), Жарко Димитриевски (Еден на Еден) и основачот на Маркетинг365, Борис Ефтимовски – ќе ја претставуваат Македонија во овогодинешното, најголемо досега, жири на креативниот фестивал BalCannes составено од некои од најдобрите и најискусни 25 стручњаци во комуникациската индустрија од регионот, пренесе Маркетинг365.

Жирито составено од претставници од огласувачите, медиумите и агенциите ќе има за задача да ги избере најдобрите проекти и најдобрите агенции од регионот, а седум од нив ќе ги награди со единствената награда – BalCannes лав.

BalCannes наградите ќе ги додели секое од трите состави на жирија и годинава ќе имаме уникатна можност да ги видиме посебните избори на ТОП 25-те проекти на регионот во изборот на секое од нив.

Жирито составено од клиентите (огласувачите) го сочинуваат: Гордана Ампова Димеска, Зегин (Македонија); Давор Чичиќ, Сараевски кисељак (БиХ); Белма Хаџиомеровиќ, Raiffeisen банка (БиХ); Тјаша Колен Филипчиќ, Триглав (Словенија); Ленче Карпузовска, EVN (Македонија);Јелена Милинковиќ, Атлантик Група (Словенија); Сања Милиновиќ, Хрватски Телеком (Хрватска); Милана Огњеновиќ, Теленор Банка (Србија); Катарина Шибалиќ, Strauss Адриатик (Србија) и Иван Шувар, Загребачка пивара (Хрватска).

За прв пат, во Balcannes жирито, овојпат се приклучуваат и претставници од агенциите. Жирито е составено од: Аљоша Багола, Пристоп (Словенија); Василије Чорлука, Saatchi&Saatchi (Македонија); Жарко Димитриоски, Еден на Еден (Македонија); Милош Ѓурѓевиќ, Fullhouse Ogilvy (Србија); Бојан Хаџихалиловиќ, Фабрика (БиХ); Петра Крулц, Греј Љубљана (Словенија); Сеан Пропат, Studio Sonda (Хрватска); Дејан Шлјук, Aquarius (БиХ); Ана Шутиќ, New Moment New Ideas Company (Србија) и Даниел Вуковиќ, Меккен Загреб (Хрватска).

Покрај претставниците од клиентите и агенциите, пријавените проекти ќе ги оценува и жири составено од претставници од медиуми кои ја следат индустријата, а кое е составено од: Иван Брезак Бркан, Нетокрација (Хрватска); Младен Дакиќ, Дневни аваз (БиХ); Борис Ефтимовски, Маркетинг365 (Македонија); Марјан Новак, Маркетинг магазин (Словенија) и Ивана Парчетиќ Митиќ, Маркетинг мрежа (Србија).

Сите агенции од регионот се поканети да учествуваат на BalCannes. Пријавите се отворени до 01.09.2017, а повеќе информации за тоа како да се учествува можете да погледнете на: www.balcannes.com.

BalCannes се оддржува во склоп на најголемиот регионален фестивал на креативноста Weekend Media Festival од 21-ви до 24-ти септември во Ровињ, Хрватска.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија