Петрушевски ќе ги води „Аеродроми на Македонија“
Објавено во: Македонија 16 Август, 2017
Виктор Петрушевски е назначен за нов директор на Акционерското друштво за аеродромски услуги „Аеродроми на Македонија“.
Петрушевски претходно работеше во Јавното претпријатие „Куманово-гас“.
Во АД „Аеродроми на Македонија“ доаѓа на местото на досегашниот директор Назиф Буши.
Петрушевски беше член на извршниот одбор на СДСМ во предходниот состав.