Добивај вести на Viber
Францускиот производител на автомобили ПСА Пежо Ситроен соопшти дека во 2012 година продал 2,965.000 возила или за 16,5 отсто помалку од лани. Главна причина за падот на продажбата е слабата побарувачка во јужните европски држави погодени од должничката криза, како и прекинот на работата во Иран, се наведува во соопштението.